За Фокус

Во периодот од 1969 до 1972 година, Градската конференција на Сојуз на млади на градот Скопје го објавува списанието ФОКУС. Ретроспективни и современи извори сведочат дека списанието се доживува како една од првите авангардни појави во „бурните 60 години” од 20 век во СР Македонија. И покрај тоа, ФОКУС, оставен без простор во колективното сеќавање за периодот на државниот социјализам, беше речиси избришан од културната меморија и историја на заедницата во и за која постоел.

Во 2008 година, по предлог-проект доставен од Мила Шопова, Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија одобри средства со кои таа ги дигитализираше изданијата на списанието.  Важно е да се посочи дека со дигитализацијата направено е оптичко препознавање на карактерите, со што содржината на ФОКУС е целосно пребарлива, со исклучок нa бр. 47. Сите дигитализирани изданија се достапни со овој блог. Нивната употреба за некомерцијални цели е регулирана со лиценцата на Creative Commons.

(од воведното излагање на Мила Шопова, иницијатор и реализатор на проектот)